Услови за користење

Со користење на услугите од IT-Box вие се согласувате со сите услови и правила истакнати подолу. IT-Box го задржува правото да ги промени условите на користење без предходно известување.

1. И покрај сите напори да се задржи квалитетот на сите услуги IT-Box на никој начин не гарантира достапност до серверите и не е одговара за недостапност или губиток на податоци, спора конекција и други проблеми кои не зависат дирекно од нас.

2. Ваша должност е да ја проверите содржината пред да ја поставите на нашите сервери. IT-Box не превзема одговорност за никаква содржина која Вие како корисник сте ја превземале од интернет, и истата сакате да ја користите на нашите сервери.

3. IT-Box има право без никакви претходни известувања да ги суспендира, ограничи или исклучи/стопира услугите на клиентите кои ќе ги прекршат условите за користење или пак постоечките закони. IT-Box исто така го задржува правото на барање од надлежни Владини служби да ги достави информациите кои ги поседува за даден корисник доколку се установи дека тоа ќе помогне во процесот кој се води од надлежните служби. Во таков случај, Вие се согласувате дека во никој случај, без временски ограничувања, нема да го сметате IT-Box за одговорен.

4. Како наш корисник, откако ќе го добиете вашето корисничко име (ID) и вашата лозинка се сложувате дека Вие сте одговорни за сите информации и содржина која ја внесувате на нашите сервери.

5. Забрането е СПАМ-ирање, т.е. масовно праќање на е-маил.

6. Забрането е поставување на нелегална содржина (музика, филм, програми и сл.) за која немате авторско право.

7. Забрането е поставување на порнографска содржина доколку ги прекршува постоечките закони.

8. Освен ако не е наведено поинаку, сите цени наведени на сајтот се без пресметан ДДВ.